Home » Големиот куфер by Иван Додовски
Големиот куфер Иван Додовски

Големиот куфер

Иван Додовски

Published 2005
ISBN :
Paperback
Enter the sum

 About the Book 

Расказите на Иван Додовски се истражување на човечката егзистенција во преломно време на конкретен простор. Низ призмата на сегашниот миг се прекршуваат и минатите времиња, па често времето на транзицијата е точка во која се сечат линиите на надежитеMoreРасказите на Иван Додовски се истражување на човечката егзистенција во преломно време на конкретен простор. Низ призмата на сегашниот миг се прекршуваат и минатите времиња, па често времето на транзицијата е точка во која се сечат линиите на надежите на револуцијата, разочарувањата на четириесет и осмата, живеењето и преживувањето во периодот на социјализмот. Низ расказите дефилира галерија ликови што авторот ги портретира гротескно и хиперболично, онеобичувајќи ги така нивните судбини.Ликовите секогаш се во сооднос со моќта (сфатена на начин на кој за неа пишува Мишел Фуко), но дури и кога ѝ се спротивставуваат, тие се однесуваат според правилата што таа ги пропишува, станувајќи дел од нејзината машинерија.Прозата на Додовски е обликувана со вешто користење на јазикот, со богатство на лексиката и со виртуозно поигрување со реченичниот ритам.Естетското рамниште на расказите од Додовски им обезбедува важно место во новите текови на македонската проза.- Гоце Смилевски